Цело Скопје на плоштад – да се бодри Вардар против Веспрем

Само една победа го дели Вардар од ново искачување на тронот на ракометна Европа, на утрешното финале против Веспрем (18 часот). Повеќе од илјада Македонци ќе ги бодрат „црвено-црните“ во „Ланксес Арена“, а оние во татковината ќе се соберат во центарот на Скопје, за масовно следење на големото финале.

Како што објави Градоначалникот Петре Шилегов, Град Скопје ќе организира заедничко следење на Плоштадот Македонија, со надеж дека на крајот од финалето ќе се слави и нова шампионска титула.

Се вчитува...