Целосен договор со Ница: Галтие е „избраниот“ за нов тренер на ПСЖ

Кристоф Галтие во следните 48 часа и официјално ќе биде именуван за нов тренер на ПСЖ, откако новиот француски првак се договори со Ница околу висината на отштетата за ангажман на овој стратег. Ница бараше 10 милиони евра, но на крајот се согласи на отштета од шест милиони, по што „светците“ добија зелено светло за да го промовираат Галтие за наследник на Маурицио Покетино.

Галтие е стратегот што во сезоната 2020/21 го остави ПСЖ без титула, стигнувајќи до тронот на францускиот фудбал како предводник на Лил. По освоената титула се пресели на чело на Ница, но и покрај одличниот старт таму не се прослави, не успевајќи да ја оствари зацртаната цел – пласман во ЛШ.

По постигнувањето на договорот со новиот тренер, се очекува ПСЖ во текот на утрешниот ден да ја официјализира разделбата од Маурицио Покетино, кој ќе добие 10 милиони евра како отштета за предвремениот раскин на договорот со „светците“.

Се вчитува...