Целосен распоред на натпреварите од Првата лига

Новата сезона од Првата лига ќе стартува со дерби меѓу големите ривали Шкендија и Вардар, откако во ФФМ денеска беше извршена ждрепка за календарот за натпреварување во сезоната 2018/19.

Првото градско дерби меѓу Работнички и Вардар ќе се игра во рамките од шестото коло на 23 септември, а во последното коло, кое може да решава за многу работи, Вардар на 26 мај 2019 ќе гостува на Академија Пандев, Шкендија ќе игра градско дерби со Ренова, додека Работнички во скопската пресметка ќе се сретне со Шкупи.

Се вчитува...