Центарот за јавно здравје ќе обезбеди 400 теста за фудбалерите пред евентуален рестарт на првенството

Центарот за јавно здравје ќе обезбеди 400 теста на коронавирус за фудбалерите и фудбалските работници пред евентуалниот рестарт на сезоната 2019/2020, информираше денеска пред македонските фудбалски прволигаш епидемиологот др. Жарко Караџовски од Центарот за јавно здравје.

„Институтот за јавни здравје ќе обезбеди 400 тестови за Ковид-19. Во однос на првично предложените здравствени протоколи ќе има и мали измени. Се разбира, сето тоа доколку ФФМ одлучи да го продолжи првенството. Тестовите на фудбалерите би им се направиле пред продолжението на првенството“ – истакна Караџовски.

По денешниот состанок меѓу ФФМ и прволигашите треба да биде конечно одлучено дали сезоната 2019/2020 во ПМФЛ ќе биде продолжена, и на кој начин, или ќе биде прогласен крај на шампионатот.

Одлуката дали ќе се продолжи првенството Фудбалската федерација на Македонија ќе ја донесе најдоцна до понеделник, 25. мај, кога и треба да биде информирана УЕФА.

Се вчитува...