„Центарци“ се пофалија со „џин“ – Работнички му посака добредојде на Милош Мацура (ФОТО)

Кошаркарскиот клуб на Работнички и понатаму продолжува со засилувањата за новата сезона, а последниот официјализиран трансфер е направен со српскиот интернационалец Милош Мацура (31 год, 211 см).

Станува збор за искусен центар, со богато интернационална кариера, во која играл и за екипи од Бахреин, Иран и Тунис. Кариерата ја почнал во САД, во Тревека универзитетот од Втората дивизија во НЦАА-лигата, а има настапувано уште и за шпанска Гвадалахара, Младост Земун и романска Баиа Маре.

За потсетување, „центарци“, досега ги потпишаа францускиот кошаркар Луизер, Босанецот Мустафица и Американецот Џексон Емерсон Пол.

Се вчитува...