Цеск Фабрегас и Давид Луиз не сакаат да останат на „Стемфорд бриџ“

Шпанскиот интернационалец Цеск Фабрегас и Бразилецот Давид Луиз одбија да потпишат нови договори со Челси. Тие по завршувањето на сезоната ќе си заминат од „Стемфорд бриџ“. Фабрегас е на чекор до трансфер во италијанскиот калчолигаш Милан, а во пакет со него би можел и дефанзивецот Давид Луиз.

Причина за разделбата се едногодишните договори што им ги понуди Челси. Според начелата на клубот, фудбалери повозрасни од 30 години во Челси можат да потпишат само едногодишен договор. Тоа не им се допадна на Фабрегас и на Луиз, и тие дефинитивно ќе си заминат по крајот на сезоната.

Менаџерот Маурицио Сари тврди дека и двајцата треба да останат во клубот.

„Многу е тешко да се најдат фудбалери со такви квалитети, и централен дефанзивец и фудбалер за врска. Мислам дека и двајцата треба да останат во Челси“, изјави Сари.

Се вчитува...