ЦЕВ ја исправи грешката со името: N. Macedonia игра против Словенија (ФОТО)

ЕКИПА во Љубљана, 

Катерина Павлова Николовска, Никола Ѓуровски

Европската одбојкарска федерација (ЦЕВ) ја исправи вчерашната грешка и го корегираше името на нашата репрезентација во официјалната статистика. На денешниот меч против домаќинот Словенија, во официјалниот записник стои N. Macedonia.

Исправката на ЦЕВ доаѓа по реакцијата на македонските новинари на вчерашниот натпревар против Белорусија, кога нашиот национален тим беше заведен како North M.

Се вчитува...