Цибулкова го зема скалпот на Халеп на турнирот во Вухан

Водечката на ВТА – листата, романската тенисерка Симона Халеп, доживеа пораз уште на стартот на турнирот во Вухан, кој има награден фонд од 2.746 милиони американски долари. Таа загуби од Доминика Цибулкова од Словачка со 2-0 во сетови.

Во првиот сет Халеп беше непрепознатлива и не успеа да освои ниту еден гем. Цибулкова ја збриша со 6-0 во гемови за само 27 минути. Во вториот сет, Халеп беше многу подобра, имаше и водство од 5-4 во гемови, но потоа повторно попушти и загуби со 7-5.

Од турнирот испадна и шампионката од минатата година, Каролин Гарсија.

Се вчитува...