Циндриќ бесен: Од кревет директно на терен…. Ова ЕП е инквизиција за ракометарите

Лука Циндриќ е еден од ракометарите кои најгласно го критикуваат ЕХФ поради организацијата на ЕП 2022 и настојувањето шампионатот да се одржи по секоја цена, без оглед на огромниот број на позитивни ракометари во изминатите триесетина дена.

Поранешниот ракометар на Вардар се зарази пред почетокот на првенството, го пропушти првиот дуел со Франција, потоа се врати за клучната пресметка со Србија, но останува на ставот дека ова европско првенство мораше да биде одложено.

„Јас десет дена бев во карантин, буквално од кревет станав и ми рекоа ајде сега на терен, да играш. Зборувам и со други ракометари, сите се едногласни дека овој шампионат не требаше да се игра во вакви услови. По короната сега побрзо се изморувам, потешко дишам при поголем напор, ми недостига сила, што е нормално бидејќи ми е намален капацитетот на белите дробови. Инсистирањето да се игра по секоја цена, тоа е инквизиција за ракометарите, обично мачење“, бесно порачува Лука Циндриќ.

Се вчитува...