Циндриќ: И ова е голем успех за Вардар и за Македонија

ЕКИПА во Келн,

Симон Котларов

Вардар го загуби и „малото финале“ на Ф4 во Келн, и повторно со само еден гол негатива (28-29) од Пари Сен Жермен. Ослабени, без повредените Штербик и Абутовиќ, но храбри и борбени до самиот крај. За Лука Циндриќ ова беше последен меч во „црвебо-црниот“ дрес.

„Се боревме, имавме желба, но повторно бевме покуси за еден гол. Сакавме да ја одбраниме титулата, но таков е спортот, овојпат имаше и подобри. Но, повторно Вардар дојде на Ф4 во Келн, и ова е голем успех, и за клубот, и за Македонија. Им честитам на момците за залагањето, и благодарност до фановите за поддршката што ни ја даваа во текот на целата сезона, и сиот овој изминат период“, изјави Лука Циндриќ по поразот од ПСЖ.

Се вчитува...