Циндриќ и Шишкарев во дрим-тимот на ЛШ

Одличниот настап на реваншот со Фленсбург и историскиот пласман на Ф4 турнирот во Келн беше доволна причина „вардарци“ повторно да имаат свое место во дрим-тимот на Лигата на шампионите, овојпат за реванш натпреварите од четвртфиналето во елитното европско натпреварување.

Лука Циндриќ, кој повторно беше незапирлив за германскиот тим, сосема заслужено беше избран за најдобар среден бек оваа рунда, а друштво ќе му прави тимскиот колега Данил Шишкарев, кој постигна пет погодоци во триумфот над Фленсбург.

На голманската позиција Гонзало Перез де Варгас доби предност пред Арпад Штербик, а овој дрим-тим го комплетираат Арон Палмарсон, Јуре Доленец, Лука Карабатиќ и Валеро Ривера.

ЛЕВО КРИЛО: Валеро Ривера (Барселона)

ЛЕВ БЕК: Арон Палмарсон (Веспрем)

СРЕДЕН БЕК: Лука Циндриќ (Вардар)

ДЕСЕН БЕК: Јуре Доленец (Монпелје)

ДЕСНО КРИЛО: Данил Шишкарев (Вардар)

ПИВОТ: Лука Карабатиќ (ПСЖ)

ГОЛМАН: Гонзало Перез де Варгас (Барселона)

Се вчитува...