Циндриќ, Карачиќ па Дибиров – повторно вардарец е „Крал на Инстаграм“ (ВИДЕО)

Ракометарите на Вардар ја продолжуваат традицијата на највлијателни на социјалните мрежи. Тимур Дибиров оваа година го доби признанието „Крал на Инстаграм“ кое во претходните години им припаќаше прво на Лука Циндриќ, а потоа и на Игор Карачиќ.

„Ме изненадивте, прво тоа, второ мислев дека само средните бекови ја добиваат ова награда. По Циндриќ и Карачиќ тешко е да очекуваш дека ќе ја добиеш. Но, ете. Среќен сум. Ќе видиме кому следната сезона ќе му ја предадам круната. Мене ова многу ми значи. Оваа работа ја работа за љубителите на нашиот спорт и навивачите да бидат среќни и задоволни“ – рече Дибиров при добивањето на „круната“.

Вардар денеска во 20.30 часот во Задар ќе го одигра полуфиналниот натпревар на Ф4 турнирот д СЕХА лигата против Загреб. Нашиот тим е бранител на трофејот и рекорден деветти пат учестува на завршните турнири во регионалното натпреварување.

Се вчитува...