Циндриќ: Многу ми е жал за Вардар, но целта беше да се спаси барем нешто…

Поранешниот ракометар на Вардар, Лука Циндриќ во интервју за хрватските медиуми истакнува дека ЕХФ донела специфична одлука да ги испрати најдобрите четири екипи од групите на Ф4-турнирот во Лигата на шампионите, со што дел од клубовите останале оштетени. Меѓу нив и Вардар.

Хрватот, кој сега е член на Барселона, вели дека му е жал затоа што Вардар како европски шампион нема да има можност да ја брани титулата во Келн.

„Може да кажам дека ми е жал за Вардар и за Кијелце како мои поранешни клубови како и за моите некогашни соиграчи поради една таква одлука. Мислам дека ЕХФ по секоја цена сакаше да спаси барем нешто, па затоа донесе одлука за еден таков Ф4-турнир. Мислам дека Барселона има сила да стигне до титулата оваа година, без разлика на се“ – изјави Циндриќ.

Место на Ф4-турнирот кој ќе се игра во декември, покрај за Барселона, ќе има и за Веспрем, ПСЖ и Кил.

Се вчитува...