Циндриќ опериран, враќање на терените за шест месеци

Хрватскиот ракометен сојуз објави дека репрезентативниот среден бек Лука Циндриќ е успешно опериран на левото рамо, по што неговото комплетно опоравување ќе трае најмалку шест месеци.

Циндриќ повреда на рамото заработи во 1. коло од Лигата на шампионите меѓу неговата Барселона и германскиот Фленсбург. Зафатот на лигаментите на клучната коска во една од најдобрите каталонски клиники во Барселона траел цели два часа.

Следните три недели Циндриќ ќе мора да мирува со лонгета на рамото и раката, по што ќе почне со полесни вежби.

Од Хрватскиот сојуз веруваат дека Циндриќ ќе успее да се опорави и за четири месеци да биде во комбинација за настап во дресот на Хрватска на ЕП во Унгарија и во Словачка.

Се вчитува...