Циндриќ: Победивме голем ривал, во финалето е уште поголем – ПСЖ

ЕКИПА во Келн,

Стеван Цаневски, Игор Паневски

Лука Циндриииииќ…Гол, гол, гол…!!! И – крај! Вардар е во финале. По завршувањето на мечот, Лука Циндриќ скромен, вели…заслужни се сите. Сите ракометари, тренери, сите навивачи, цела Македонија…

„Честитки до сите, до момците, тренерите, навивачите, сите во Македонија. Очекувавме тежок меч, и на крајот успеавме да победиме во една неизвесна завршница. Барселона беше голем ривал, но успеавме да влеземе во финалето. Пари Сен Жермен е екипа од врвна класа, ќе се одмориме и ќе се обидеме и нив да ги победиме“, изјави Лука Циндриќ.

Се вчитува...