Циндриќ: Сега сите се плашат од Вардар… Има притисок, но можеме до крај!

ЕКИПА во Келн,

Симон Котларов

Сосема е јасна определбата на „вардарци“ да се стигне до финалето од Лигата на шампионите во Келн. Првата пречка денеска од 18 часот е француски Монпелје во желбата за ново финале и борба за одбрана на трофејот.

Но, еден од клучните вардарови ракометари Лука Циндриќ е свесен дека сега ќе биде една сосема поразлична приказна од онаа од лани. Затоа што сега фокусот на сите е насочен кон Вардар…

„Ја доведовме ракометна Европа во ситуација да се плаши од Вардар. И тоа е одлично, сега не гледаат со едни други очи, но исто така носи еден дополнителен притисок врз нас. Затоа ќе биде поразлична приказна од онаа минатогодишната. Ќе ни биде потешко, но ние сме добро подготвени да одиме до крај“ – вели Циндриќ.

За денешниот прв дуел со Монпелје…

„Сите екипи кои се тука, заслужено се дел од Ф4. Монпелје покажа дека е одличен тим. Играат брз ракомет, имаат одлична транзиција, опасни се еден на еден. Треба да бидеме подготвени за секоја одбрана од 6-0, 5-1 и 4-2. Но, ние психички и физички сме подготвени во сите 60 минути да се бориме во полуфиналето. Одбраната е клуч на нашата игра, и преку неа верувам ќе се избориме за финале” – истакнува Лука Циндриќ.

Се вчитува...