Циндриќ: Спомените од Вардар ќе ми останат цел живот во срцето

Лука Циндриќ ќе биде еден од главните адути на Барселона на претстојниот фајналфор турнир во Келн, на кој хрватскиот ас ќе се обиде да стигне до својата втора европска круна во кариерата. Одличниот бек беше меѓу најзаслужните за првата европска титула на Вардар, момент што останува еден од најблескавите во животот на Циндриќ.

Тој во колумна за официјалната веб-страница на ЕХФ пишуваше за предизвиците што се пред него, навраќајќи се и на времето минато во Македонија.

„Во 2013 година потпишав за Металург и тогаш почна вистинската авантура. Не сакам да зборувам за лошите времиња, само за добрите… во 2015 останав во Скопје и се преселив во Вардар. Тоа беше нешто сосема различно, во овој клуб го минав еден од најубавите денови во кариерата. Три неверојатни години, во кои врвот беше достигнат со онаа титула во Лигата на Шампионите во 2017. Никој не очекуваше такво нешто, но нашиот тимски дух беше неверојатен, енергијата што ја поседувавме и поврзаноста со навивачите, тоа придонесе да ја испишеме историјата. Спомените од Вардар ќе ми останат цел живот во срцето. Никогаш нема да го заборавам денот кога се вративме во Скопје, со сите оние навивачи на улиците, неверојатен дочек…“, напиша Циндриќ.

Се вчитува...