Цирбес е последниот дел од мозаикот на Црвена Звезда

Црвена Звезда конечно го реши проблемот со центарската позиција откако денеска постигна договор за соработка со Мајк Цирбес. „Црвено-белите“ долго време беа во потрага по нов играч за борба во рекетот, преговорите за камбек на Французинот Лесор не вродија со плод, по што вниманието беше насочено кон Цирбес. Германецот експресно се договори за соработка со шампионот на АБА-лигата, каде ќе се врати за третпат во кариерата.

Цирбес настапуваше за Црвена Звезда од 2014 до 2016 година, а потоа се врати во белградскиот клуб во сезоната 2018/19. Минатата сезона тој го носеше дресот на Ал Шабаб во Обединетите Арапски Емирати. Тој досега има освоено седум трофеи со Црвена Звезда, три во АБА-лигата, две титули првак на Србија, еден Суперкупот на АБА и еден Куп на Србија.

„Чест ми е што повторно ќе бидам дел од овој колектив. Црвена Звезда е мој клуб, овде се многу момци со кои имам играно во минатото. Сега ми преостанува само напорно да работам и да возвратам за довербата на тренерот и управата“, изјави Цирбес по потписот на договорот.

Потпишаниот договор е со важност до крајот на годинава, со можност истиот да биде продолжен до крајот на натпреварувачката сезона.

Се вчитува...