„Циркус“ на Мајк Џејмс во Монако – се скара со тренерот, па среде меч замина во соблекувална (видео)

Незгодниот темперамент на Мајк Џејмс придонесе ланската сезона американскиот поентер да биде избркан од ЦСКА Москва, а Џејмс денеска го имаше и својот прв посериозен инцидент откако го носи дресот на Монако.

Во последната четвртина за време на еден тајмаут тренерот Митровиќ го критикуваше Џејмс, овој очигледно се навреди од она што го слушна, па откако му беше кажано дека нема да се врати на терен – реши да се пресели директно во соблекувалната.

„Само му реков да седне на клупата, никој не кажа ништо за да замине во соблекувалната“, кратко одговори Митровиќ по мечот кога беше прашан за инцидентот.

Монако го загуби овој натпревар со 98-77, а Мајк Џејмс одигра само 18 минути, период во кој реализираше 4 поени, 4 скока и 4 асистенции.

Се вчитува...