„Циркус“ на Вимблдон – Американец за една минута го заврши мечот кој беше прекинат поради мрак

Американецот Бен Шелтон очекувано се пласираше во третото коло на Вимблдон.

Тој го совлада Австралиецот Ринџи Хиџиката со 6-2, 7-5, 6-4 во меч кој непотребно траеше два дена.

Дуелот беше прекинат во четвртокот вечерта околу 21.30 часот по лондонско време токму во моментот кога Шелтон требаше да сервира за меч.

Ден подоцна на теренот се вратија Шелтон и Хиџиката, а Американецот покажа колку е бесмислена одлуката на судијата бидејќи за една минута освои четири поени и победи.

Се вчитува...