Циркус од ТНС: Претседателот Мајк позира пред „Филип Втори“ качен на автомобил (ФОТО)

Велшкиот првак ТНС е противникот на Шкендија во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Дека се работи за полуаматерски состав во кој дури и раководството има авантуристички дух, доволно говори фактот дека претседателот Мајк Харис од Велс допатува во Скопје со автомобил. Тој радосно се фотографираше пред „Филип Втори“, најавувајќи го утрешниот меч со Шкендија. Циркусот започна, утре ќе се игра и фудбал…

Се вчитува...