Циркус по мечот БиХ-Грција: Џеко го фати за врат соиграчот од Рома, па општа тепачка!

Вистински циркус се случи по синоќешниот квалификациски натпревар меѓу БиХ и Грција заокружен со општа тепачка меѓу двете страни.

А сето тоа го почнаа соиграчите од Рома, Един Џеко и Манолас. Џеко го фати за врат Манолас, по првична вербална пресметка, по што почна судир меѓу играчите и членови на стручниот штаб од двете страни. Најлошо поминал Јанис Јаноитас, кој по ударот од помошникот на селекторот на БиХ, Жили, останал без два заби.

Се вчитува...