ЦИРКУС: Спречена тепачка меѓу тенисери на Ролан Гарос (ВИДЕО)

Скандалозно однесување на тенискиот меч меѓу Американецот Френсис Тијафо и Португалецот Жаиме Фарија на Ролан Гарос синоќа, кој за малку не прерасна во физичка пресметка.

Ситуацијата ја смири српската судијка, Маријана Вељовиќ која ја смири нервозата на теренот.

При резултат 2-1 во петтиот сет за Тијафо, дојде до жестока вербална расправија меѓу двајцата тенисери, откако Американецот беше убеден дека топчето завршило во аут. Веднаш почнаа вербални навреди меѓу двајцата тенисери, по што Вељовиќ мораше да слезе од судиското столче и да ја смирува ситуацијата.

Американецот во еден момент и дофрли: „Мислиш дека си опасен? Не си, играј тенис.“

Се вчитува...