Циркус во Франција: Тргна да се пресметува со цела трибина поради расистички навреди (ВИДЕО)

Несекојдневна ситуација беше забележана на натпреварот од францускиот шампионат меѓу Дижон и Амиен, кога фудбалер на гостинската екипа тргна да се пресметува со „цела трибина“.

Принс-Дезир Гуано во финишот од мечот веќе не можеше да ги толерира навредите на расна основа од страна на домашните навивачи па се одлучи да ја расчисти ситуацијата упатувајќи се кон трибината. Сепак, обезбедувањето спречи да се доближи до нив иако си разменија по неколку збора.

Расистичките навреди се се почеста состојба на фудбалските терени ширум светот, поради што и ФИФА и УЕФА најавија во иднина далеку поригорозни мерки за сите навивачи кои ќе се дозволат такви реакции.

Се вчитува...