Циркус во ПСЖ: Дојде со Ферари на тренинг, но не го пуштија да влезе…

Недисциплината е главен проблем на ПСЖ со години наназад, па така не е нималку чудно што фудбалерите и покрај жестоките критики од навивачите продолжуваат да доцнат и со доаѓањето на тренинг.

Последен таков случај е левиот бек Курзава, кој се појави во тренинг-базата во ексклузивен модел на Ферари. Автомобилот е брз, но недоволно за Курзава да стигне навреме на тренинг, па откако било утврдено дека Покетино означил почеток 15 минути претходно, на дефанзивецот не му беше отворена вратата за да влезе во комплексот.

Откако почека триесетина секунди, екс-фудбалерот на Монако мораше да го сврти своето Ферари и да се врати во својот дом. Тој е еден од наколкуте фудбалери на ПСЖ на кои летово им истекува договорот, а клубот нема намера да ја продолжи соработката со нив. Со оглед на ваквиот однос, јасно е зошто.

Се вчитува...