Циркус во ПСЖ: Луис Енрике го замени Мбапе, тој наместо на клупа замина на трибини (видео)

ПСЖ од европски гигант за само неколку месеци се претвори во циркузантски клуб, а во главна улога повторно е Килијан Мбапе. Францускиот голгетер се најде во центарот на вниманието откако на вечерашното гостување против Монако беше заменет на полувремето, но одби да седи на клупата за резерви.

Тренерот Луис Енрике не крие дека ќе ја лимитира улогата на Мбапе во тимот по неговата одлука да го напушти клубот на крајот од сезонава. Сепак, малкумина очекуваа францускиот голгетер да биде повлечен по само 45 минути игра против неговиот поранешен клуб Монако, а Мбапе очигледно не ја прифати најдобро одлуката на тренерот.

Наместо да седи крај соиграчите, тој облечен во тренерки мина преку атлетската патека околу теренот и се упати кон ложата, од каде го проследи второто полувреме.

Погледнете го овој циркус, во кој фудбалерот повторно покажа апсолутно непочитување кон својата екипа и соиграчите.

Се вчитува...