ЦИРКУСОТ НАРЕЧЕН ВАРДАР – Аматерски подготовки, тестови со прособрани екипи, недисциплинирани засилувања срам за црвено-црните бои!

Повеќе од срамни подготовки реализира најтрофејниот македонски клуб Вардар во Италија, и тоа во сезоната кога по долги години повторно се подготвува за настапите во Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион минува низ тотален циркуз на, инаку скапо платени подготвовки во Норчиа, Италија, кои во голема мера претставуваат единствено буквално малтретирање на играчкиот кадар, кое може да биде кобно и за настапите во Европа ова лето.

Според информациите од вардаровиот табор од Италија, тотално непрофесионално организирани подготовки кои се заокружуваат на најаматерски начин со пријателски натпревари против прособрани италијански состави, кои во суштина не претставуваат ниту фудбалски тимови. Дополнително на тоа, според информациите од Италија, и главно непријавени пријателски дуели кои се играат со импровизирани судии.

Недостатокот на тестови се компензира и со некакви т.н пријателски средби меѓу самите играчи на Вардар, што е срамно за македонски шампион кој се подготвува за Лига на шампиони. А, наспроти тоа, и за договорени тестови „вардарци“ се подложуваат на долгочасовни патувања по Италија што е надвор од здравиот разум, во ситуација на пеколни температури кои владеат на Апенинскиот полуостров. Фудбалерите на Вардар денеска ги очекува пат од 250 километри за дуелот со Ла Фиорита кој ќе се игра во Римини.

НЕКОНТРОЛИРАНА НЕДИСЦИПЛИНА НА НОВОТО ЗАСИЛУВАЊЕ ГЕРСОН РОДРИГЕЗ

Од страна на раководството на Вардар, како вистински бомбастично засилување беше најавен луксембуршкиот интернационалец Герсон Родригез.

Но, досега овој фудбалер единствено што покажа е крајна недисциплина која е срамна за името на најтрофејниот македонски клуб и црвено-црните бои.

Родригез дури и на интерниот тест-дуел меѓу самите вардарови играчи успеа да заработи црвен картон поради неспортски однос кон судијата. Притоа демонстрирал максмална недисциплина и за време на самите тренинзи на тимот, но и тотално непочитување на редот и дисциплината во клубот, што наишло на силен револт меѓу вардаровите фудбалери.

Сето тоа како сериозен показател дека, очигледно, не му е местото во вардаровиот табор.

Се вчитува...