Циципас доби дозвола да настапи на АТП завршниот турнир во Торино

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас против домашниот Јаник Синер ќе го отвори завршниот АТП турнир за 2023 година кој од денеска ќе се игра во Торино. Во петокот и саботата Гркот мораше да прекине со тренинзите со Александар Зверев и Карлос Алкараз.

Според италијанскиот новинар Симоне Етерно, Циципас се пожалил на болки во грбот, но во саботата вечерта добил зелено светло од докторот за настап. Постојат големи шанси тој сепак да излезе на теренот и да се обиде да игра, но ќе биде интересно да се види во каква состојба ќе биде.

Инаку, Циципас и Синер се во Зелената група, во која се и Холгер Руне и Новак Ѓоковиќ кои ќе се сретнат вечерва од 21 часот.

Се вчитува...