Циципас е првиот финалист на Австралија Опен

Стефанос Циципас е првиот финалист на Австралија Опен откако грчкиот тенисер ја продолжи серијата одлични настапи со полуфинален триумф над Русинот Хачанов, изразен со 3-1 во сетови. Циципас има перфектни 10 победи и ниту еден пораз од почетокот на оваа 2023 година, а мотив плус во финалето ќе му биде фактот што покрај кревањето на големиот пехар, тој со триумф би се искачил и на првото место на АТП-листата.

Дуелот мина во израмнета борба во која грчкиот тенисер беше поумешен во клучните моменти. Циципас го доби првиот сет во тајбрејк со 7-2, а потоа направи брејк при 4-4, добивајќи го и вториот сет со 6-4. Хачанов за момент се врати откако славеше во тајбрејкот од третиот сет со 6-8, но Циципас возврати на вистински начин, со брејк на првиот сервис на противникот во четвртиот сет што го претвори во конечна победа од 6-3.

Стефанос Циципас за ривал во големото финале ќе го има подобриот од втората полуфинална пресметка меѓу Новак Ѓоковиќ и Томи Пол.

Се вчитува...