Циципас-ефект: АТП ги смени правилата за одење во тоалет

АТП објави дека по бројните контроверзии оваа година е донесена одлука да се промени правилото за паузи за одење во тоалет за време на натпреварите. Отсега тие ќе бидат ограничени на најмногу пет минути.

Според новото правило, една таква пауза ќе биде ограничена на најмногу три минути од моментот на влегување на играчот во тоалетот, со две дополнителни минути за пресоблекување, се истакнува во соопштението на АТП.

Дополнително, во текот на мечот тенисерите ќе можат да искористат само една пауза за тоалет, а истата ќе им следува само помеѓу два сета. Прашањето за одење во тоалет најмногу одекна во јавноста кога грчкиот ас Стефанос Циципас правеше долги паузи од тој тип. Посебно за паметење е она во првото коло на УС Опен, кога успеа да го извади од ритам а после и да го победи Енди Мареј.

Се вчитува...