Циципас ги разреши сите дилеми: Ѓоковиќ е најголемиот човек кој некогаш држел рекет

Новак Ѓоковиќ испиша историја откако успеа да стигне до својата 22. гранд-слем титула и да се израмни на врвот на вечната листа со големиот ривал Рафаел Надал. Србинот до 10. рекордна титула на Австралија опен стигна откако во финалето славеше над Гркот, Стефанос Циципас со максимални 3-0, по сетови 6-3, 7-6 и 7-6.

По финалето Циципас изјави дека Србинот е најголемиот во историјата на белиот спорт.

„Јас се воодушевувам за се што имаш направено за нашиот спорт и затоа имаш наклон до под од мене. Ти благодарам многу за се! Новак секогаш го извлекува најдобриот од мене и затоа е еден од најголемите во нашиот спорт. Тој е најголем кој некогаш држел тениски рекет“, изјави Циципас. 

Се вчитува...