Циципас го елиминира Надал и ќе игра финале против Ѓоковиќ во Мадрид

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас направи изненадување и го елиминира Рафаел Надал во полуфиналето на Мастерсот во Мадрид, спречувајќи негова финална пресметка со Новак Ѓоковиќ. Циципас одигра одличен меч и заслужено ќе биде дел од финалето.

Уште во првиот сет двајцата тенисери многу често го губеа сопствениот сервис, а еден брејк повеќе направи Циципас и го освои со 6-4 во гемови. Надал возврати во вториот сет со одлична игра и го доби со 6-2 и мечот влезе во решавачки трет сегмент.

Циципас подобро се снајде, дури трипати го одзеде сервисот на Надал, дозволи само еден брејк и славеше со 6-3 во гемови, за конечни 2-1 во сетови и пласман во големото финале каде ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...