Циципас го „преслуша“ Ѓоковиќ на стартот на новата тениска сезона

Младиот грчки тенисер продолжува со одличните игри по освојувањето на завршниот АТП куп во Лондон. Тој денеска на егзибицискиот турнир во Абу Даби го совлада Новак Ѓоковиќ со 2-1 по сетови (3-6, 7-6 и 6-4).

Србинот фуриозно го почна мечот. Брзо стигна до предност од 5-1, која успеа да ја задржи и да го добие првиот сет со 6-3. Во вториот сет Циципас влезе многу побрзо. Стигна до ран брејк и успеа да поведе со големи 5-1. Следуваше серија на Ѓоковиќ кој успеа да израмни на 5-5 и целосно да се врати во игра. Сепак, Гркот успеа да се консолидира и да го добие тај-брејкот со 7-4 и да го однесе мечот во одлучувачкиот трет сет. Во третиот сет Гркот подобро се снајде за конечен триумф од 2-1.

Во второто полуфинале првиот рекет на светот, Рафаел Надал ќе игра со Русинот Карен Хачанов. Претходно, во мечот за петото место Андреј Рубљов го совлада Чунг со 2-0 (7-6 и 7-6).

Се вчитува...