Циципас го растури Медведев и закажа полуфинале со Зверев

Стефанос Циципас одигра уште еден импресивен меч на Ролан Гарос, совладувајќи го вториот носител Медведев со максимални 3-0 во сетови за пласман во полуфиналето од францускиот гранслем турнир. Медведев досега во кариерата го немаше минато првото коло на Ролан Гарос, Русинот годинава забележа четири победи, но немаше сили да го земе скалпот на расположениот Циципас, кој со оваа победа си закажа полуфинална пресметка со Александар Зверев.

Грчкиот тенисер го доби првиот сет со 6-3, а потоа во вториот сет дури во тајбрејк го скрши отпорот на Медведев, триумфирајќи со 7-3. Медведев прв стигна до брејк во третиот сет, но Циципас успеа најпрвин да се врати, а потоа и да направи целосен пресврт. При водство од 6-5 на грчкиот тенисер, Медведев на свој сервис имаше 40-0 и беше на добар пат да обезбеди тајбрејк, но Циципас ги доби наредните пет поени и обезбеди пласман во полуфиналето.

Се вчитува...