Циципас го шокираше Роџер: Нема финале за Федерер во Лондон

Младиот грчки тенисер Стефанос Циципас ќе игра во финалето на завршниот АТП Мастерс турнир во Лондон откако во полуфиналето славеше во два сета против големиот фаворит Роџер Федерер.

Циципас успеа да му приреди вистински шок на Швајцарецот победувајќи го час и половина игра, со 6-3,6-4.

Во втората полуфинална пресметка во Лондон од 21 часот ќе играа Австриецот Тим и Германецот Зверев.

Се вчитува...