Циципас и Медведев без проблеми до четвртфинале

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас со победа од 3-0 против Карено-Буста се пласираше во четвртфиналето од Роланд Гарос. Циципас првиот сет го доби со 6-3, во вториот славеше со 6-2, додека во третиот со 7-5.

Слично беше и на мечот помеѓу Кристиан Гарин и Данил Медведев кој Русинот го доби со 3-0. Во првиот сет резултатот беше 6-2, во вториот 6-1, додека Медведев во третиот сет славеше со 7-5.

Се вчитува...