Циципас има стратегија за фаворитите – Ѓоковиќ го нападнав како булдог

Младиот грчки тренисер Стефанос Циципас е вистинска сензација на „Роџерс Купот“ во Торонто. Откако среди неколку фаворити меѓу кои и Новак Ѓоковиќ, Циципас на својот 20 роденден, вечерва ќе игра против Рафаел Надал во своето прво Мастерс финале.

„Да играш финале на Мастерс е нешто најдобро што може да ти се случи на роденден. Се уште не можам да верувам во ова што се случува. Сигурен сум дека публиката не го очекуваше ова, не го очекував ни јас лично“ – признава грчкиот тенисер.

Циципас го привлече вниманието откако во осминафиналето самоуверено, во три сета го победи Новак Ѓоковиќ, а потоа сладуваа победи против Александар Зверев и Кевин Андерсон што на крај му донесе прво Мастерс финале во кареирата. Младиот Грк има интересно објаснување како го совладал Ѓоковиќ и стигнал до најголемата победа во кариерата.

„Чувствував голема самодоверба и знаев дека Новак Ѓоковиќ имаше проблеми со некои удари во текот на мечот. Така, јас го чекав  моментот и потоа „го фатив како булдог“ о го реализирав планот“ – сликовито објасни Циципас.

Младиот тенисер вечерва го очекува уште едно големо искушение во неговото прво финале против првиот светски рекет, Рафаел Надал. Шпанецот е апсолутен фаворит, но кој и да победи во овој дуел, во Торонто ќе биде испишана историја. Победа на Надал ќе значи негов нов рекорд по бројот на Мастерс титули (33). Триумф на Циципас пак ќе значи негова прва титула и петта победа по ред над тенисерите од Топ 10. Откако постои АТП листата од 1973 година досега никој не успеал да освои титула на големите турнири победувајќи пет од Топ 10 играчите.

Се вчитува...