Стефанос Циципас уште долго ќе жали за пропуштената шанса денеска да се закити со првиот трофеј на гранслем турнирите во својата кариера, откако грчкиот тенисер прокоцка предност од 2-0 во големото финале против Новак Ѓоковиќ.
Тој не го криеше разочарувањето по завршувањето на финалната пресметка, како клучен момент потенцирајќи го заминувањето на Ѓоковиќ во соблекувалната (за тоалет пауза) по завршувањето на вториот сет.
„Тој го напушти теренот при 0-2 во сетови. Не знам што правеше таму, но од соблекувалната излезе сосема друг човек. Од самиот почеток на третиот сет играше баш добро, веќе не ми оставаше простор за игра. Физичка надмоќ, движење по теренот, антиципација на ударите… се изгледаше многу подобро од почетокот на мечот. Браво за него, беше баш добар. Мојот ритам почна да исчезнува, искрено не знам што ми се случи, многу би сакал да знам зошто вакви работи ми се повторуваат“, истакна Циципас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА