Циципас: Никогаш не сум видел некој да удира така – Ова требаше да биде мој натпревар, не требаше да загубам!

Стефанос Цикипас, третиот носител на УС Опен, е импресиониран од настапот на Карлос Алкараз, иако Гркот истакнува дека не требало да го загуби натпреварот од третото коло.

На крајот младиот Шпанец успеа да слави голема победа од 3-2.

„Карлос започна одлично, тој им задаваше неверојатна брзина на топката, никогаш не сум видел некој да ја погоди топката толку силно. Ми требаше време да се навикнам на неговиот стил на игра. Тоа беше еден од оние натпревари што имате впечаток дека го контролирате и дека се’ оди на ваша страна, па вкусот е горчлив. Го одигра петтиот сет како и првиот – го ризикуваше секој удар. Искрено, никогаш не сум видел некој да го одигра толку добро првиот сет“, беа првите впечатоци на Цикипас по поразот.

Во третиот сет, Гркот имаше две брејк топки и три сета топки, но на крајот го загуби во тај-брејк.

„Тој одлично се справи со атмосферата и со сите останати предизвици. Ова требаше да биде мој натпревар, не требаше да загубам, но можам само да научам од ова. Тој е млад, се бореше и не се откажа. Имав шанси во третиот сет – да го освоев, не знам дали неговиот став и однесување ќе беа исти. Го видовте четвртиот сет, јас буквално полетав“, изјави Циципас.

Стефанос истакна дека 18-годишниот Алкараз има голема иднина пред него.

„Реков дека може да биде конкурент за Гренд слем титулата, има игра за нешто такво. Ме изненади колку беше постојан. Моите враќања беа длабоки, ќе го притискав, но тој добро се справи. Особено во петтиот сет, не очекував дека ќе го подигне нивото толку. Беше сосема различен играч, не знам дали му помогна физиката или што се случи, но беше како друг играч“, заклучи Циципас.

Се вчитува...