Грчкиот тенисер Стефанос Циципас одлучил да оди на операција на лактот. Четвртиот играч во светот веќе извесно време има проблем со повреда на лактот, поради што се повлече од турнирот во Париз и од завршниот Мастерс во Торино.
Според „Скај Спорт“, Гркот нема избор и ќе мора да оди на операција, а овие информации се потврдени и од неговиот тим. Наводно, 23-годишниот се сретнал и со докторот кој го оперирал Новак Ѓоковиќ, кој исто така имаше проблеми со лактот.
Доколку биде опериран, Циципас ќе го пропушти првиот дел од следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА