Циципас повторно провоцира – На Рафа треба да му се забрани тенисот

Стефанос Циципас е еден од најдобрите млади тенисери, член на „новата гарда“ на таленти кои имаат потенцијал да ги симнат од врвот легендите Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Сепак, грчкиот тенисер е познат и по својата духовитост, која повторно ја покажа на дело.

Циципас реши на Твитер да се дружи со обожавателите и да одговори на нивните прашања. Тој добил над 1.000 прашања, а Циципас одговори на некои на хумористичен начин. Сепак, еден одговор привлече најголемо внимание.

Еден фан го прашал Гркот „што би сакал да биде забрането“, без да прецизира на што мисли.

„Циципас на ваквиот коментар очигледно имал веќе подготвен одговор, па одговорил – „Рафа на Ролан Гарос“, што слатко ги насмеа следбениците на социјалната платформа.

Надал го освои Ролан Гарос и во 2020 година, негов 13-ти во кариерата, па Циципас веројатно смета дека неговите шанси би биле поголеми доколку на Шпанецот му е забрането да учествува на овој турнир!

Се вчитува...