Циципас се извлече во пет сета, победи и на Беретини и на Фоњини

Петтиот тенисер на светот Стефанос Циципас во маратонски меч успеа да се извлече и да обезбеди пласман во третото коло на Австралија опен. Гркот со 3-2 по сетови (6-7, 6-4, 6-1, 6-7 и 6-4), беше подобар од домашниот тенисер Танаси Кокинакис. Во 3. коло Циципас ќе игра со младиот Швеѓанец, Микаел Имер.

Пласман во 3. коло во машка конкуренција обезбеди и 10. носител, Матео Беретини кој со 3-1 (6-3, 6-2, 4-6 и 6-3) беше подобар од младиот чешки тенисер Томаш Махац. Пласман понатаму во маратонски меч обезбеди и Фабио Фоњини кој со 3-2 (4-6, 6-2, 2-6, 6-3 и 7-6) беше подобар од сонародникот Салваторе Карузо.

 

Се вчитува...