Циципас: Собирам поени, мојата главна цел е наскоро да бидам број 1 во „белиот спорт“

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас истакна дека фактот што се искачи на третото место на АТП листата му даде дополнителен ветар во грбот, па отсега посакува постојано да биде во топ – 3, иако негова главна цел е да го заземе првото место.

Во Роџерс купот, Цикипас беше елиминиран во полуфиналето од Опелка, а во Синсинати во второто коло го чека подобриот од дуелот Себастијан Корда – Ласло Гир.

„Секој турнир во САД има различни услови – некаде надморската височина е малку повисока, некаде влажноста е поголема. Неопходно е да се прилагодите. Лично, мојот моментален приоритет е да се префрлам од еден турнир на друг што е можно побрзо, без поголеми проблеми во играта. Тоа доаѓа со многу тренинзи, работа на фитнес и стекнување на на ментална сила. Не ми е цел да ја освојам секоја титула. Сакам да ја постигнам мојата цел (да бидам во топ 3), и за тоа морам да бидам и физички и психички подготвен, и да имам јасна слика пред мене. Од аспект на самодоверба, тој влез во топ 3 ми значи многу, тоа е значајна бројка. Сега мојата цел е да останам во топ 3 и постојано да додавам нови бодови секоја недела. Следниот чекор е број еден, се надевам дека ќе успеам наскоро“, заклучи Стефанос.

Се вчитува...