Циципас во супер-меч во пет сета подобар од Доминик Тим

Грчкиот тенисер Стефанос Циципас во натпреварот на денот на Вимблдон славеше во пет сета над Австриецот, Доминик Тим со 3-2 (3-6, 7-6, 6-2, 6-7 и 7-6)

Натпреварот кој почна вчера, но поради дождот продолжи денеска беше решен во петтиот сет откако двајцата тенисери си поделија по два.

Таму, Стефанос Циципас прв стигна до меч топка во 12 гејм на сервис на Тим, но Австриецот успеа да ја спаси и да го одведе мечот во супер-тајбрејкот. Таму по голема борба славеше Циципас со 10-8.

 

Се вчитува...