Циципас во трилер меч преку Зверев до финале на Ролан Гарос

Стефанос Циципас стигна до своето прво гранд-слем финале, откако во трилер натпревар славеше над Александар Зверев со 3-2, по сетови 6-3, 6-3, 4-6, 4-6 и 6-3.

Циципас одлично го отвори натпреварот освојувајќи го првиот сет со резултат 6-3. Во вториот сет Зверев имаше предност од 3-0, но следеше серија на Гркот од шест гема со кој стигна до водство од 2-0. Сепак, Германецот не се предаваше и успеа да ги освои следните два сета и да го одведе мечот во петтиот сет.

Голема борба се водеше и во одлучувачкиот сет во која како победник излезе Циципас. За Гркот ова ќе биде прво финале на гранд-слем турнирите каде ќе игра со подобриот од мега дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Се вчитува...