Цицмиловиќ промовиран во Беласица: Убеден сум дека ќе обезбедиме опстанок

Раде Цицмиловиќ и официјално е промовиран како нов шеф на стручниот штаб на Беласица кој се враќа во клубот откако го напушти во јули минатата година.

Цицмиловиќ по враќањето во клубот нагласува дека неговата цел како тренер ќе биде да се обезбеди опстанок во елитното друштво…

„Чест и задоволство ми е што повторно се враќам во ФК Беласица. Позната ми е средината. Со повеќето фудбалери работевме заедно во изминатиот период. Иако сме на последното место во моментов, верувам во сите фудбалери како и стручниот штаб околу мене, и убеден сум дека ќе обезбедиме опстанок за ФК Беласица и следната година да игра во ПМФЛ. Голема благодарност до управата, што повторно ми укажува доверба да ја водам ФК Беласица“ – вели Цицмиловиќ.

Се вчитува...