Цонга го пропушта УС Опен

Жо Вилфред Цонга ги разочара своите фанови објавувајќи дека нема да може да настапи на претстојното издание на УС Опен. Французинот имаше операција на коленото на левата нога уште во април, па иако се очекуваше досега да се врати на терените сепак рехабилитацијата тече побавно од првичните прогнози.

„Се уште не е јасно кога ќе се вратам, за целосна ехабилитација е потребно време. Оптимист сум дека ќе можам да играм до крајот на годинава, но не можам да дадам поточна прогноза“ – изјави 33-годишниот Цонга.

Долгата пауза од терените придонесе францускиот тенисер да падне на 64. позиција на АТП-листата.

Се вчитува...