„Црн ден“ за Вардар: Атман се врати назад во Русија

Дека Вардар е во криза е јасно веќе подолго време, но никој не очекуваше во ист ден „црвено-црните“ да останат без двајца стандардни ракометари, и тоа непосредно пред клучниот меч од ЛШ против Мотор. Даинис Криштопанс денеска се пресели во Фуксе Берлин, а само еден час подоцна беше официјализирано и заминувањето на Павел Атман, кој потпиша договор со Спартак Москва.

Поранешниот ракометар на Металург пристигна во таборот на „црвено-црните“ од бундеслигашот Хановер, но не ги оправда очекувањата на стручниот штаб и навивачите. „Вардарци“ се надеваа дека ќе успеат да го убедат да остане до крајот на сезонава, но Атман инсистираше да му биде дозволено да се врати во татковината, барајќи раскин на договорот поради неисплатените плати.

На крајот, разделбата беше неизбежна, па Русинот од денеска и официјално е нов член на Спартак.

Се вчитува...