Новак Ѓоковиќ имаше катастрофален ден на Олимписките Игри откако за неколку часа ги загуби и двете полуфинални средби, со тоа губејќи ги шансите летово да се закити со олимписко злато.
Откако беше поразен од Александар Зверев во сингл-конкуренција, српскиот ас загуби и во полуфиналето на микс-дубл заедно со својата партнерка Нина Стојановиќ, во песметката со Аслан Карацев и Елена Веснина од Русија. Видно исфрустриран по неуспехот во сингл, Ѓоковиќ беше далеку од посакуваното ниво во дубл-мечот, овозможувајќи им на противниците да стигнат до победа од 2-0 во сетови (7-6, 7-5).
Противници на Ѓоковиќ и Стојановиќ во дуелот за бронзениот медал ќе им бидат Барти и Пирс од Австалија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА