Црн викенд на Островот: Почина и навивач на мечот Брајтон – Вулверхемптон

По веста за уривањето на хеликоптерот на сопственикот на Лестер, уште една црна вест од Островот синоќа.

За време на мечот меѓу Брајтон и Вулверхемптон починал навивач на домашните. Како што информираа од Брајтон, навивачот бил да го гледа натпреварот заедно со својот син. Во еден момент му се слошило, веднаш се активирале лекарските служби по што итно е префрлен во најблиската клиника, но таму била само констатирана неговата смрт.

Интересно, од Брајтон информираат дека лекарската интервенција на вчерашниот дуел итно побарал уште еден навивач. За среќа, во овој случај, на време е реагирано и навивачот е спасен потоа и префрлен во болница.

Се вчитува...